Индиската влада сака да направи промена на состојбата на пазарот на мобилните оперативни системи каде никогаш не успеа да се пробие трет играч, оставајќи го пазарот на Google, со партнерите и Apple, односно на Android и iOS.

Министерот за Електроника и ИТ Раџив Чандрасехар најави дека владата разгледувала можност за промена на законите со цел да се развие мобилен оперативен систем. Тие за таа цел ги разгледувале можностите кај стартап компаниите, како и во образовните институции.

Засега не е познато дали воопшто би дошло до заклучок дека развој на алтернативен мобилен оперативен систем на двата кои го држат пазарот е возможно и остварливо. Сепак, доколку тоа се случи, односно се почне со развојот, дефинитивно ќе го привлече нашето внимание.

Повеќе компании имаат пробано да ја нарушат доминацијата на Google и Apple на пазарот, па тоа не му успеа дури ни на Microsoft, иако голем дел од причината за тоа е и недоволниот труд од компанијата.

Според нас, тешко е да се очекува реален конкурент на Android и iOS, па доколку индиската влада се одлучи да продолжи со еден ваков проект, тој единствено би можел да има одреден успех во Индија.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 2India Times
Претходна статијаЏо Роган одговори на обвинувањата за дезинформации поврзани со COVID-19 на неговиот поткаст кој се емитува на Spotify
Следна статијаОвој супер реалистичен „трикодер“ од Star Trek е подобар и од тие во серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.