Технологијата во денешно време е доволно напредната, а уште поважно, лесно достапна, па кога на тоа ќе се додаде и достапноста на 3Д печатачи, можностите се ограничени само од креативноста на луѓето.

Mangy_Dog е „јутјубер“ кој сака да ги рекреира познатите „трикодери“ од Star Trek сериите, оние уреди кои се користат за скенирање на секакви работи, вклучувајќи ги и луѓето.

Втората верзија од неговите трикодер, во овој случај од Start Trek Voyager, е толку реално направена, што не може да се споредат дури ни оригиналните од вистинската серија. Секако, мора да се земе во предвид дека технологијата не била баш на ова ниво во тоа време, а и трикодерите никогаш не се ставени до толку во преден план за да мора да прикажат пореален изглед.

Трикодерот од Mangy_Dog може да помислите дека навистина може да скенира работи, но сепак тој е направен само за покажување.

Видеото за изработката е нешто подолго, односно морало да биде поделено на два дела, а достапен е и екстра трет дел, а првиот можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаИндиската влада ги разгледува можностите за развој на нов оперативен систем за мобилните
Следна статијаHBO Max доаѓа во Македонија на 8 март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.