По најавата во септември минатата година, дека HBO Max сервисот доаѓа во Европа, вклучувајќи ја и Македонија оваа година, сега ја имаме и официјалната дата. HBO Max официјално започнува со работа во Македонија од 8 март.

Овој сервис ќе го замени моментално достапниот HBO Go, а корисниците кои веќе се претплатени автоматски ќе им биде префрлена претплатата на HBO Max, односно нема потреба повторно да се регистрираат. Корисниците исто така добиваат 33% попуст додека ја имаат претплатата, а ова важи и за сите нови претплатници.

Автоматското префрлување ќе важи и за претплатниците на HBO Go преку операторите како Македонски Телеком.

Се што ќе треба да направат корисниците е да ја симнат новата HBO Max апликација и да се најават со своите корисничко и има и лозинка од HBO Go.

HBO Max е сервис кој започна со работа во 2020 и треба да му конкурира на Netflix и останатите слични сервиси. За разлика од HBO Go, има понов и подобар „плеер“, а во основа HBO цела нова содржина ја пушта под овој нов бренд.

За разлика од досега, корисниците на HBO Max ќе можат да креираат различни профили, поточно до 5, со што повеќе членови во семејството ќе можат да ја гледаат содржината, без да им се мешаат препораките, како и започнатите филмови и серии.

Покрај содржината од HBO и новата MAX Originals, на овој сервис може да се гледаат филмови и серии од Warner Bros, DC, Cartoon Network, Looney Tunes и повеќе.

Повеќе информации, како и можност за претплата можете да најдете на овој линк.

Претходна статијаОвој супер реалистичен „трикодер“ од Star Trek е подобар и од тие во серијата
Следна статијаОбидот на Facebook со крипто валути официјално заврши
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.