Фото: Shutterstock.com

Од минатата година корисниците во САД имаат уште еден стриминг сервис на располагање, HBO Max, додека во остатокот од светот корисниците можат да го користат HBO Go. Дел од содржината која станува достапна на HBO Max може да се гледа и преку HBO Go сервисот кој е достапен кај нас.

HBO Max може да се каже дека е понова и модерна верзија од HBO која е направена за време кога на пазарот доминираше Netflix.

Овој сервис од идниот месец доаѓа во Европа, а за истото ќе има посебен настан на 5ти октомври. За почеток HBO Max ќе им стане достапен на корисниците во Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Шпанија и Андора, додека за идната година се најавува проширување и на Балканот, односно и во Македонија меѓу другите земји.

Уште не е познат точниот месец кога може да се очекува, но со оглед на најавите, сигурно тоа ќе биде во првата половина од идната година.

Корисниците можат да го очекуваат и досега одличниот избор на содржина кој го има на HBO Go, но во поновиот софтвер преку кој функционираат од компанија сега.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2HBO Makedonija
Претходна статијаА1 Македонија ја лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација
Следна статијаСтив Вознијак најави дека основа вселенска компанија како никоја друга
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.