Фото: Shutterstock.com

Познатиот ко-основач на Apple, Стив Вознијак, преку својот Twitter профил пред две недела најави дека започнува со работа приватна вселенска компанија која нема да биде како никој од другите. Privateer Space е името на компанијата, но Вознијак не даде никакви дополнителни информации, па сега за сега не знаеме ништо за оваа компанија.

Секако, да зад компанијата не стоеше Стив Вознијак ова немаше да биде вредно за пишување, барем не во оваа фаза. Покрај Вознијак, како основач се најавува уште еден поранешен Apple човек, Алекс Филдинг.

Privateer Space има и веб страна на која уште нема дополнителни информации, иако истите се очекуваа дека ќе ги има досега. Од компанијата имаат објавено едно видео, како реклама, но и од видеото не може да се добие баш претстава што може да се очекува.

Единствената неофицијална информација, која повеќе е претпоставка, најавува дека Privateer Space може да биде компанија чија цел ќе биде чистењето на огромното количество на ѓубре во орбитата на Земјата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаHBO Max доаѓа во Европа вклучувајќи ја и Македонија
Следна статијаСеавус Акцелераторот отвора повик за стартапи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.