Скопје, 27.09.2021г.- А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација поддржана од Zappware.

Со А1 Xplore TV корисниците добиваат пристап до телевизија на сите екрани: ТВ уред, лаптоп, смартфон или таблет. Ова решение преку нов интерактивен интерфејс им овозможува на корисниците следење на омилената ТВ – содржина кога било и каде било. Имено, својата омилена програма сега корисниците можат да ја следат на својот ТВ уред и доколку имаат потреба истата да ја прекинат и да продолжат да ја гледаат на својот мобилен телефон од истото место каде што застанале. А1 Xplore ТV нуди врвно искуство со HD – квалитет на слика и со Dolby audio звук како и директен пристап до апликациите YouTube и YouTube Kids.

A1 Xplore ТV овозможува избор на голем број разновидни ТВ канали и тоа повеќе од 200 ТВ и радио содржини, како и следните функционалности: збогатен детален програмски водич, пребарување на содржини низ програмскиот водич и видеотеката, снимање на омилената серија или цела сезона, како и родителска заштита и контрола на содржината според возраста.

A1 Xplore TV константно учи од навиките на гледање на корисникот и соодветно на тоа му препорачува содржини што се порелевантни за него.

 “Следејќи го развојот на потребите на корисниците, постојано работиме на воведување нови производи и услуги кои го подобруваат корисничкото искуство и овозможуваат повеќе забавни содржини. Новото време бара и поголемо разбирање на корисниците и подобро прилагодување на услугите за секој корисник поединечно. A1 Xplore TV покрај сите напредни функционалности, нуди и персонализиран пристап со препораки за содржини прилагодени на секој корисник. Ни претставува особено задоволство што благодарение на можностите на А1 Телеком Австрија Групацијата и партнерот задолжен за имплементација на новата платформа, Zappware, успеваме услугите кои се во чекор со светските трендови да ги донесеме и на нашиот пазар. Остануваме посветени на заложбите за континуирано усовршување на ТВ искуството на нашите корисници”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

“По лансирањето на A1 Xplore TV во Бугарија, Словенија и Хрватска, со гордост го претставуваме искуството на A1 Xplore TV во Македонија. Нашиот систем обезбедува корисничко искуство што ги инспирира сите генерации дури и на најпребирливите корисници кои уживаат во едноставно пребарување на содржините. Со нетрпение го очекуваме идниот раст на A1 Xplore TV во А1 Телеком Австрија Групацијата”, изјави Патрик Вос, Извршен партнер на Zappware.

А1 Xplore TV е дел од тековното A1 Combo портфолио кое нуди интернет, најквалитетна телевизија на пазарот со ексклузивна можност за креирање на ТВ програмската шема и мобилни услуги. Покрај тоа, со A1 Combo корисниците добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари

Претходна статијаИзвори на XDA Developers ги откриваат карактеристиките и функциите на камерите кај Pixel 6 телефоните
Следна статијаHBO Max доаѓа во Европа вклучувајќи ја и Македонија