Meta, во тоа време уште Facebook, го најави влегувањето во светот на крипто валутите во 2019 со претставувањето на Libra, поддржана од големи имиња како Visa, PayPal, Uber, Spotify и други.

Ова големо влегување во крипто валутите на се оствари како што се очекуваше, па после кратко време дојдоа и првите откажувања од страна на Visa, Mastercard, eBay и други, а подоцна валутата и организацијата беа ребрендирани во Diem.

Со оглед на фактот што Diem не продолжи да биде често во вестите, јасно стана дека оваа крипто валута нема да почне да функционира и да го има очекуваниот успех. Голем фактор за ова беа повеќе регулаторни тела на неколку земји.

Од Diem Association оваа недела објавија дека ги продале сите свои средства, вклучувајќи ја и интелектуалната сопственост на Silvergate Capital Corporation. Што ова ќе значи за крипто валутата ќе видиме понатаму, но едно е сигурно, Meta веќе нема никаква врска со оваа, односно воопшто со крипто валутите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHBO Max доаѓа во Македонија на 8 март
Следна статијаMicrosoft препорачува компјутерите подолго време да се вклучени и поврзани за навремено да бидат ажурирани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.