Фото: Shutterstock.com

Познатиот музичар Нил Јанг побара, па од Spotify почнаа со тргање на неговата музика од овој сервис, кој моментално е број 1 во светот, без знаци дека наскоро може да ја изгуби оваа позиција.

Причината за ова е тврдењето на Нил Јанг дека од Spotify не требале да ја пуштат и да ја остават на нивниот сервис, епизодата од еден од најпознатите поткасти, The Joe Rogan Experience, во која интервју беше направено со доктор Роберт Мелоун.

Иако на моменти докторот делува како да малку претерува, во три часовното интервју, сепак открива доста работи поврзани со процесот на развој на вакцините за COVID-19, како и подоцна процесот на вакцинација. Голем дел од информациите кои ги даде веќе беа во категорија на сомневање, па неговите тврдења не е тешко да се прифатат како точни, барем дел од нив.

Без да се има за цел да се негира потребата од вакцини, како и нивната улога во намалувањето на смртноста од COVID-19, дефинитивно се утна со начинот на „мотивирање“ на луѓето да ја примат вакцината. Истата е присилно наметната и на млади луѓе без коморбидитети, луѓе кои ја имаат прележано болеста, нешто за кое сега и американската CDC објави докази дека овозможува иста или и подобра заштита, ограничувајќи им ја слободата на движење на тие кои не сакаа да ја примат вакцината.

Според многу луѓе во целиот свет, секој кој има мала критика за начинот на вакцинација, веднаш треба да биде ставен во категоријата на „антиваксерите“ кои не ретко кажуваат глупости, а со тоа се доведува до задушување на било каква дебата и со луѓе кои знаат што говорат.

Нил Јанг е еден од тие кои веруваат дека се што е објавено против вакцинацијата автоматски е дезинформација и таквата содржина треба веднаш да биде тргната од интернет. Според него многу млади луѓе веруваат дека содржината која се објавува на Spotify е точна, па одбивањето на компанијата да ја тргне конкретната епизода од поткастот, доведе до раскинување на соработката.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаGoogle излезе со нова замена за „колачињата од трети страни“ наречена Topics
Следна статијаВистината „Зад завесите’’ – Бојана со нова балада и видео запис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.