Фото: Shutterstock.com

Според извештајот од MIDiA компанијата, Spotify успешно го задржува своето прво место на пазарот за стриминг на музика. Овој популарен сервис држи 31% од пазарот заклучно со втората четвртина од минатата година, а оваа позиција може да се каже дека ќе продолжи удобно да ја држи уште одреден период поради голема разлика со конкуренцијата.

Apple Music, сервис кој го држи второто место, има 15% од пазарот, што е нешто повеќе од дупло разлика во споредба со Spotify.

Иако Spotify уште не мора да бидат посериозно загрижени, сепак го задржуваат првото место со пад на пазарниот удел. Тие во втората четвртина од 2020 имале пазарен удел од 33%, додека тој удел бил 34% во втората четвртина од 2019.

Посебно се истакнува растот на пазарниот удел на YouTube Music, кои иако држат само 8% од пазарот, имаат раст од 50% за година дена.

Според информациите, се верува дека овој сервис најмногу го користат помладите корисници, нешто што дефинитивно треба да ги загрижи Spotify на подолгорочен план.

Една работа која Spotify може да ја направи за да се осигура дека ќе го задржи своето место на пазарот, е да ja пушти најавената Spotify Hi-Fi функција која требаше веќе да е пуштена. Од компанијата уште немаат официјална најава зошто е дојдено до одложување и кога може да се очекува официјалното пуштање.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2MIDiA
Претходна статијаCES 2022: Новиот модел на правосмукалката Samsung Bespoke Jet™ со држачот „All-in-one Clean Station™“, носи беспрекорно чистење
Следна статијаАмериканската ZTF објави дека им пречат сателитите на Starlink при набљудување на небото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.