Фото: Shutterstock.com

Според една од организациите во САД кои се занимаваат со набљудување на небото, сателитските „соѕвездија“ кои ги поставуваат во ниската орбита компании како SpaceX, но има и други, пречат во работата.

За можноста вакво нешто да се случи можевме да прочитаме уште во 2019 кога SpaceX започна со лансирањето на првите сателити за нивниот проект Starlink кој овозможува брз интернет пристап во било кој дел од планетата.

Информациите од ZTF говорат дека најголем е проблемот за време на самрак, односно кога заоѓа сонцето. Тие при набљудувањето на небото користат опрема, меѓу кои и камери кои мора да бидат оставени подолго време во процесот на сликање, нешто што потоа прави да на сликата има линија од патот каде има поминато некој од сателитите.

Според информациите од ZTF, вакви ситуации имало и порано, но се имаат зачестено по зголемувањето на бројот на сателити кои ги лансира SpaceX, кои иако и сега се бројат во илјади, треба да достигнат бројка од околу 10.000 сателити.

Поточно, помалку од 0,5% од сликите кои биле сликани порано имале проблем со сателитите, бројка која сега е зголемена на 18% од сликите. Ова не е мал процент кој се очекува дека ќе се зголеми со зголемувањето на бројот на сателити во ниската орбита.

SpaceX се обидува да постави опрема на сателитите кои ја блокираат сончевата светлина и со тоа да не ја одбиваат кон Земјата, па потоа да се гледаат на сликите, но очигледно ефектот од тоа не е доволен.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаSpotify продолжува да го држи првото место на пазарот и покрај големата конкуренција
Следна статијаНовата и унифицирана Outlook апликација може да се очекува да почне јавно да се тестира од оваа пролет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.