Emotia-Smart-Belt-6

Ова е еден од многуте производи кои што се претставуваат оваа недела на CES2015 настанот, производи кои што покажуваат до кој степен е стигната достапноста на технологијата денес. Таа веќе може и полека почнува да се вклучува во се повеќе предмети и производи, па во овој случај истата е ставена во ремен за панталони.

Belty е наречен овој паметен ремен, а е развиен од француската стартап компанија Emiota од Париз. Од компанијата сметаат дека ременот може да биде извор на доста важни информации, од кои што според нив најважната е големината на половината на корисникот. Покрај за други практични намени, големината на половината е показател за дебелината на човекот, а со тоа и ризикот од одредени болести, како што е дијабетесот на пример.

Belty во него има вградено мало моторче кое што овозможува автоматско затегнување и попуштање кога се носи од корисникот. Исто така во него се вградени и сензори, поточно акцелерометар и жироскоп кои што се наменети за неколку интересни функции.

Како прво, при ставање на ременот, тој автоматски се затегнува до според неговите сензори потребно ниво. Она што го прави навистина интересен и корисен Belty е следењето на половината и соодветното прилагодување на затегнатоста. Тоа значи дека не само што доколку симнете или покачите тежина, ременот ќе биде соодветно прилагоден, туку и дека доколку седнете и се најадете повеќе отколку што треба, тој ќе ја намали затегнатоста за да ви биде поудобно.

Покрај прилагодување на вашата големина на половината, Belty вклучува и неколку фитнес функции. Така, тој може да го следи вашето движење, а исто така ве потсетува доколку подолго време немате станато од столчето.

Како и сите други паметни уреди, Belty може да се поврзе со апликација на мобилните телефони, преку која што може да биде прилагоден, како и да се следат фитнес информациите.

Belty се очекува да почне да се продава во првата половина од оваа година, меѓутоа неговата цена и достапност не е уште објавена. Според информациите Belty сепак ќе биде премиум производ, што значи дека треба да се очекува нешто повисока цена.

Извор: Mashable, PCWorld

Фото: Mashable

Претходна статијаИнтелектуална сопственост…
Следна статијаSensoria – Паметни чорапи за следење и подобрување на вашето трчање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.