snapdragon_primary-100259796-large

Во новата верзија на најпознатиот процесор за паметни уреди, Qualcomm навистина сака да ги направи „попаметни“ паметните уреди, така што во Snapdragon 820 ќе има посебен дел што ќе прави когнитивни пресметки. Во превод, самиот процесор ќе биде способен да учи од постапките на корисникот, се’ со цел паметните уреди да бидат што повеќе персонални.

Одлуката да се вметне чип во процесорот што ќе ги учи навиките на корисникот, наместо тоа да се случува онлајн или во некаков софтвер, е со цел да се поедностави и подобри целиот процес за корисникот да има што подобро искуство со паметните уреди кои ќе го користат овој процесор.

Моментално чипот ќе собира информации од говор, звук, слики и видео, и тоа би биле релативно едноставни информации на почеток, но функционалноста ќе се подобрува со тек на време.

На пример, камерата на ваков уред може да распознава лица и да ги поврзува со име и презиме инстантно. Иако мобилната апликација на Facebook го прави истото веќе некое време, во случајот со Qualcomm тоа е многу побрзо, попрецизно и се случува локално, веднаш.

Покрај секојдневните паметни уреди, овој чип би можел да заврши вграден и во автомобили, роботи и разни уреди со кои човекот има секојдневна интеракција.

Snapdragon 820 треба да биде следбеник на Snapdragon 810 и најпрво ќе се појави на премиум уредите кои се на 64 битна архитектура. Qualcomm се’ уште не дава информации кога овој процесор ќе се појави на пазарот, но се знае дека во втората половина на оваа година ќе бидат испорачани тест верзиите.

Извор: PC World

Претходна статијаInnos D6000 е првиот паметен телефон со две батерии
Следна статијаКако работи тачпадот на новиот MacBook?