StorageReview-Samsung-32TB%20SAS%20SSD_2[1]

Вчера пишувавме за SSD дискот со најголем капацитет во светот на Seagate од 60 TB, но овој на Samsung може и да е поимпресивен и покрај помалиот простор, бидејќи има погуста поставеност на чиповите и технологија која овозможува уште поголеми капацитети од таа на Seagate.

Како што веќе напишавме, SSD дискот на Seagate е поголем, 3,5 инчен, исто како HDD дисковите кои ги имаме во нашите десктоп компјутери. SSD дискот со капацитет од 32 TB на Samsung сепак е стандарден 2,5 инчен диск, но има погуста поставеност на чиповите, што значи дека доколку корејскиот производител го прошири на големина од 3,5 инчи, ќе добие уште повеќе капацитет.

Дискот инаку се базира на четвртата генерација на V-NAND флеш меморија на Samsung со 64 слоеви, што се случува за прв пат кај SSD-ата. Дискот на Seagate на пример е изработен во 48 слоеви. Покрај напредната технологија, Samsung ветува дека овој дизајн ќе овозможи и поголема трајност и доверливост, односно дека нивните модели ќе бидат најдолготрајни на пазарот.

Како што е случај со сите SSD дискови со толку голем капацитет и овој нема да биде наменет за домашните корисници, туку за големите сервери, што значи дека ќе биде достапен само во SAS варијанта, а не и во популарната кај лаптоп и десктоп компјутерите NVMe варијанта.

Извор: PCWorld, IT News, Storage Review

Претходна статијаМакедонските каратистки ќе се борат за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во Португалија
Следна статијаИздувот од авионите опасен за околината, според АЗО на САД