MSI има две нови матични плочи кои треба да работат на подобрениот Z270 чипсет за новата генерација на процесори кои треба да бидат претставени од Intel на 5ти јануари 2017 година.

За плочите дознаваме од самите MSI кои прикачија две црнобели притемнети на некои предели слики на нивната Facebook страна.

Матичните треба да се од највисоката про серија на плочи именувани SLI Plus и SLI, кои треба да се опремени со 10 фазни VRM чипови пасивно ладени од големи ладилници за постабилен доток на струја на 1151 сокетот за новата Kaby Lake архитектура. Четири слота за рам меморија кои ќе бидат појачани од челик на SLI Plus моделот и се наменети за DDR4 рам мемории. Плочите би требало да користат DDR4 Boost technology која овозможува користење на XMP (eXtreme Memory Profile).

Шест SATA III слотови, два USB 3.0 конектор за предниот панел и три PCI-E слотови кои ќе работат на x16/x8/x8 исто така појачани со челик. Два turbo M.2 слотови за NVMe треба да бидат имплементирани исто така. Со појакиот модел SLI Plus треба да следува и алуминиумски пасивен ладилник за NVMe чипот, кој MSI тврдат дека помага за одржување на пониска температура на чипот. Да не заборавиме ќе биде вклучен аудио чипот на MSI – Audio Boost.

Плочите би требало да бидат црно бели или целосно црни така што ќе одговараат повеќе естетски за разлика од црвено црните од предходната серија. Плочите како и претходната серија ќе имплементираат RGB лед што ќе може да се контролира софтверски.

Со ваквата опременост плочите би требало да имаат нешто пониска цена од 200 американски долари. Иако ќе има уште многу плочи кои ќе имаат поддршка за Kaby Lake и за Skylake процесорите, тие на MSI ќе станат дел од доста фантастични конфигурации на естетско ниво и на професинално ниво.

Извор: WCCFTech, Fudzilla, PCGamer

Претходна статијаПретставени првите Nokia телефони од HMD Global, но не се тие со Android кои ги чекаме
Следна статијаTesla Powerwall 2 – втора генерација од батеријата која треба да ги напојува нашите домови