HMD Global е нов фински стартап составен од поранешни вработени во Nokia и Microsoft. Оваа компанија ги поседува правата да располага со брендот на Nokia и веќе најави враќање на големо на пазарот на смартфони од идната година кога треба да претстават неколку телефони кои ќе работат на Android.

Сепак, до идната година, не изненадување на корисниците, HMD Global ги претстави првите телефони од нивниот почеток со работа, се разбира под Nokia брендот. Се работи за Nokia 150 и Nokia 150 Dual SIM, кои како што се гледа и од нивните имиња, се во класата на таканаречени „глупи“ телефони.

Nokia 150 и 150 Dual SIM доаѓаат со следните карактеристики:

  • Nokia Series 30+ оперативен систем
  • 2,4 инчен QVGA (240*320) екран
  • BL-5C ,1020 mAh батерија
  • Време за разговор: до 22 часа, време во мирување: до 31 дена, до 25 дена за Dual SIM
  • VGA камера со LED flash
  • 900/1800 MHz, micro USB, 3.5mm AV connector, Bluetooth 3.0
  • MicroSD картичка до 32GB
  • Димензии: 118.0×50.2×13.5mm,81.0g

Како што би се очекувало, овие телефони ќе бидат евтини, односно ќе чинат 25 долари, плус даноците во земјата каде што ќе се продава. Ќе бидат достапни од почетокот на идната година во одредени пазари, но немаме информација за македонскиот, иако Европа е назначена како еден од пазарите.

Од HMD ги промовираат овие телефони како одлични за „забава“ поради достапноста на FM Radio и MP3 плеер, па корисниците ќе можат да ги користат за таа намена. Исто така, овие уреди доаѓаат со за нив познатата сијаличка, за ситуациите кога барате нешто во темница.

Изработени се од поликарбонат со боја отпорна на гребаници, а изборот ќе биде помеѓу црна и бела варијанта.

Сепак повеќето од нас го чекаат почетокот на идната година и претставувањето на Android смартфоните со Nokia брендот, па да видиме дали пазарот ќе добие уште еден сериозен играч кои ќе ги загрози позициите на Samsung и останатите.

Извор: HMD Global, GSMArena

Претходна статијаНов вирус ви ги енкриптира податоците, но дава да ги отклучите доколку заразите нови двајца корисници
Следна статијаMSI најави претставување на две нови Z270 матични плочи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.