5_670

„Изумот“ доаѓа од Dmitry Morozov од Москва кој што сепак нема да биде наменет за продажба. Се работи за интересен концепт направен од страна на овој фотограф кој што најверојатно барал нов начин како да ја изрази својата креативност.

Во основа се работи за камера поставена на пиштол која што по сликањето веднаш почнува да ја печати сликата во 8-битен формат на хартија и принтер како за фискалните сметки.

За изработка на оваа камера користени се делови од стариот и познат game boy, камера, термален печатач, Arduino мини плоча, оптички релеи, како и батерија.

Овој начин на инстантно добивање на слики потсетува на камерите од Polaroid кои што веднаш по сликањето ја печатеа сликата.

Во денешно време на дигитални камери, мобилни телефони и простор за складирање во облакот, а се разбира и социјалните мрежи, веќе скоро никој не користи печатени слики. Со доаѓањето на нови генерации кои што и никогаш не користеле печатени слики, тие ќе се сведат на минимум користење во ситуации кога е навистина потребно.

Извор: Engadget, Geek, vtol

Претходна статијаБиткоин: за што станува збор (дел 1)
Следна статијаYouTube тестира видеа снимени во 4К резолуција со 60fps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.