amd-radeon-100534503-large

FreeSync, односно технологијата на AMD која овозможува перфектна синхронизација меѓу графичката картичка и мониторите, отсега ќе може да работи и преку HDMI порта, покрај Display Port.

Ова значи дека технологијата ќе може да се вгради во многу поевтини монитори – оние со Display Port се прилично скапи и натаму се надвор од досегот на многу купувачи. HDMI стандардот, иако има послаби перформанси и натаму е најшироко распространет и AMD се надева на голем успех со овој потег. FreeSync ќе биде вградена и во новиот гејмерски Y700 лаптоп на Lenovo.

FreeSync е особено значаен за гејмерите, бидејќи овозможува сликата на мониторот да не појавува каснење на командите на играчот што е особено важно во акционите 3D игри. FreeSync работи така што ја изедначува зачестеноста на освежување на дисплејот изразена во Hz, со сликите во секунда кои во истиот момент се прикажуваат од играта, изразени во FPS.

lfc

Покрај тоа, нивната FreeSync технологија сега ќе овозможи и HDR гејминг. HDR значи дека сликата која ја гледате на екранот има многу поширок динамички опсег, односно гледачот ќе може да види многу повеќе детали во сенките и светлите делови истовремено.

Ова на големо го подобрува искуството и прави како да гледате многу поостра слика со подлабоки и поживи бои. Од AMD велат дека игра со Full HD резолуција со HDR, изгледа подобро од игра со 4K или Ultra HD резолуција со SDR (Standard Dynamic Range). Од графичките картички на AMD, само оние од R9 300 серијата ќе овозможуваат HDR гејминг, со многу повеќе кои треба да пристигнат наредната година.

AMD објави дека наредната година ќе има и поддршка за Display Port 1.3, стандард кој овозможува репродукција на 5K слика само преку еден кабел – во моментов, во таквите случаи се користат два Display Port 1.2 кабли, бидејќи овој стандард овозможува максимум 4K резолуции.

displayport_1.3_amd-100631863-large

Секако и Nvidia има слична технологија која се вика G-Sync и која работи исто како FreeSync, но во моментов е достапна на многу помалку монитори, бидејќи во нив мора да биде инсталиран посебен хардвер. Сепак, Nvidia има големо водство во продажбата на нови графички картички и тоа 81,9% во ноември, што е скоро монопол на пазарот и што со сигурност ќе придонесе нивната технологија и покрај ограничувањата да биде пошироко прифатена.

Извор: PCWorld, Tech Report, Digital Trends

Претходна статијаEpson претстави канцелариски рециклатор за хартија
Следна статијаYahoo го издвојува својот главен бизнис и го задржува уделот во Alibaba