Оваа недела слободно може да се каже дека помина во знакот на Енди Рубин, еден од креаторите на Android кој го претстави првиот паметен телефон од неговата нова компанијата Essential.

Телефонот е од високата класа и доаѓа со ретко добро дизајниран екран кој скоро и да нема рамка околу него, овозможува додавање на електронски додатоци и доаѓа со скоро основен оперативен систем базиран на Android.

Покрај овој одличен телефон, кој дефинитивно ќе ја раздвижи конкуренцијата, Essential претстави уште еден производ. Се работи за Essential Home, кој претставува паметен звучник/асистент за домовите, поточно конкуренција на таквите како Amazon Echo, Google Home и слични.

Essential Home е направен во кружна форма и за разлика од конкуренцијата изгледа подискретно. Од компанијата истакнуваат дека при креирање на овој производ големо внимание е ставено на ваквите карактеристики на уредот, а посебно на приватноста.

За поголема заштита на приватноста, Essential Home секогаш кога е тоа можно, ги чува податоците од корисникот, односно комуницира со другите уреди преку локалната мрежа, наместо преку облакот.

Сепак, во денешно време заштитата на приватноста е скоро невозможна, а посебно за корисниците на вакви уреди.

Инаку, Essential Home е наменет да одговори на одредени прашања, да закажува состаноци и да не потсетува за истите, а исто така може да се поврзе другите паметни уреди во домот од повеќето производители и истите да ги контролира.

Овој уред е исто така паметен, односно може да предложува одредени активности, меѓутоа тоа е направено на начин кој му овозможува на корисникот сам да одлучи, наместо автоматски да се имплементираат ваквите предлози.

Essential Home работи на посебен оперативен систем наречен Ambien OS, но сега за сега нема нешто многу информации за тоа како е развиен овој систем, дали е на база на Android и слично.

Извор: Essential, The Verge, The Verge (2), PhoneDog

Претходна статијаNvidia Max-Q овозможува супер тенки лаптопи со моќна графика
Следна статијаПреправениот Note 7 FE лесно ќе се распознава од оригиналниот модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.