pr3620mt_pr3420sff_pr7710_84560_v1_w_600

Уредите за кои најчесто пишуваме се наменети за широките народни маси, што е сосема различно од Precision серијата на Dell за која ќе пишуваме тука, а која е наменета за бизнис корисниците и големите фирми и компании.

Лаптопите се претставени со четири различни верзии – три со 15 инчен дисплеј и еден со 17 инчен дисплеј, со понуда на Full HD и Ultra HD резолуции. Понудата на внатрешни компоненти е многу голема и купувачот ќе може да избере конфигурација која вистински му одговара, со можност за избор на графичка картичка од AMD или Nvidia и скоро целата гама на Intel процесори од новата Skylake генерација, вклучувајќи ги и чиповите од моќната Xeon серија.

07150011_pr7510t_bnb_85316_w_600

Помалите модели ќе можат да бидат опремени со максимум 32 GB рам меморија, додека 17 инчниот модел ќе може да се опреми со дури 64 GB рам меморија, поделена на четири слотови. Покрај големиот избор на внатрешни компоненти, лаптопите ќе се нудат и со цела плејада на оперативни системи, вклучувајќи ги Windows 7, Windows 8.1, Windows 10 и неколку популарни Linux дистрибуции.

Цените на лаптоп Precision моделите почнуваат од 999 долари за основниот модел 15 3000 Series, 1199 долари за 15 5000 Series, 1399 долари за 15 7000 Series и 1699 долари за 7000 Series со 17 инчен дисплеј. Нормално, цените може значително да се покачат зависно од изборот на компонентите и оперативните системи (Windows верзиите се поскапи).

pr3420sff_pr3620mt_fsy_20045lf_bk_w_600

Десктоп верзиите пак доаѓаат во две големини на куќиштата и имаат скоро неограничени можности за различни конфигурации, со понуда на Intel процесори од Core и Xeon серијата, цела плејада графички картички, максимум 64 GB рам меморија, можност за комбинација на неколку различни решенија за складирање податоци, како PCIe SSD, SATA SSD и HDD дискови… И десктоп Precision моделите можат да се порачаат со неколку различни оперативни системи, а почнуваат од 679 долари за помалиот, односно 729 долари за поголемиот модел.

Извор: Tom’s IT Pro

Претходна статијаFacebook работи на алгоритам за слики кој ќе им помогне на лицата со оштетен вид
Следна статијаHTC го лансира One A9, телефонот од средно-високата класа со алуминиумска изработка