Мини или двојно помала верзија од оригиналот на легендарниот персонален компјутер од ‘82, се очекува да се појави на пазарот во текот на годинава. Commodore64, со вклучени исто толку игри, компатибилен со денешната технологија, персоналниот мини компјутер ќе чини 76€.
Именуван како C64 Mini, уредот ќе биде двојно помал од оригиналот и ќе го користи истиот „оперативен систем“. Разликата е во тоа што новата верзија ќе се поврзува со TV приемник преку HDMI кабел, додека џојстикот се поврзува преку USB. Уредот има капацитет од најмногу двајца играчи, кои можат да играат одвоено.
Подобрувањата се особено забележителни кај софтверскиот дел. Очекувано, Mini ќе продуцира многу поквалитетна слика. Понатаму, за разлика од оригиналот, возможно ќе биде зачувување на прогресот во одредена игра. Заедно со уредот на корисникот му следуваат и 64 игри.
Retro Gaming е компанијата која стои зад развојот на сите „смалени“ играчки платформи кои беа хит во минатото. Тие очекуваат солидна заработка, ако се земе в предвид фактот дека своевремено Commodore64 беше најпродаваниот модел на персонален компјутер. Во секој случај, ваквиот производ ќе се најде во комерцијална продажба само во земјите од т.н. Прв свет. Повеќе се работи за колекционерски примерок одошто би бил наменет за масовна продажба.