audi-e-tron-quattro@2x

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla, ги фати големите производители неспремни со Model S и буквално го запали светот на електричните автомобили. Audi ќе се обиде да профитира на ова, со лансирање на нов електричен SUV, кој ќе има автономија поголема од било кој електричен автомобил досега.

Интересно, SUV моделот на Audi ќе биде лансиран кога треба да биде претставен и SUV моделот на Tesla (Model X) и според најавите, со автономија од 500 километри со едно полнење (Model X ќе има 450 километри), автомобилот на Audi треба да биде електричниот автомобил со најголема автономија со едно полнење.

fetch

За батериите, Audi ќе соработува со Samsung и LG, кои ќе бидат Li-ion технологија, додека автомобилот ќе биде опремен со вкупно три електрични мотори, еден напред и два назад, што значи дека погонот ќе биде Quattro на сите четири тркала. Audi ветува високо ниво на динамика и забава во возењето, благодарение на ниско поставените батерии. Дизајнот пак ќе биде промена во однос на оној на актуелните возила и ќе донесе подобрена аеродинамика од 0.25 Cd.

Моделот ќе биде само електричен, односно нема да има верзии со мотори со внатрешно согорување, што е во најмала рака преседан за еден производител на автомобили, освен Tesla. Сепак, пазарот полека но сигурно се движи кон електричните возила, кои не само што се еколошки и евтини за возење, туку нивните сопственици можат да се потпрат и на имиџот кој го носат.

Електричниот SUV на Audi треба да биде претставен на саемот во Франкфурт од 17 до 27-ми Септември. На истиот саем, Aston Martin треба да претстави електрична верзија на луксузниот седан Rapide S, додека Toyota треба да го претстави новиот Prius, хибридот кој го почна целото лудило со еколошки возила.

Извор: PCMag, Gizmag

Претходна статијаHyperloop на Елон Маск веќе ставен во работа
Следна статијаHuawei Honor 7i е телефон со вртлива камера со 13 мегапиксели