259899

Кога го претставивме Hyperloop на милијардерот Елон Маск, имаше многу коментари дека такво нешто не е остварливо во блиска иднина, или пак било кога. Коментарите најчесто доаѓаат поради техничките решенија кои треба да се употребат за да работи овој проект.

Имено, Hyperloop работи на принцип на капсули кои патуваат низ цевки, кои пак се држат во скоро-вакуум состојба. Одржувањето на скоро-вакуум состојба во толкави цевки не е лесна задача и треба да се надминат значајни препреки кон остварувањето на истото. Ние исто така пишувавме и за HTT(I), компанија составена од група на инженери кои работат во своето слободно време бесплатно, со добивка на акции ако проектот биде успешен.

55d73306c361887d268b456b

Кога го објави проектот Маск изјави дека нема намера тој да го изгради, туку дека го ослободува на јавноста за друг да се обиде да го оствари. Тие кои се собраа беа токму HTT(I), а сега добија значително засилување. Имено, на нив им се придружија SpaceX (компанијата на Маск), Oerlikon (швајцарска компанија која повеќе од еден век работи со вакуум технологија и работеше на Големиот хадронски судрувач при CERN), Hodgetts + Fung (архитектонска компанија), па дури и Boeing! HTT(I) од својот зачеток па досега има собрано дури 400 инженери кои се спремни бесплатно да работат за да го остварат Hyperloop.

Сега моментално ќе се започне со градење на 7 километарски тест простор во кој ќе се тестира технологијата, а тестовите треба да почнат во 2018 година. Просторот ќе биде изграден во Quay Valley, Калифорнија и ќе чини околу 100 милиони долари.

Ќе се согласиме дека ова е огромен и многу значаен проект за човечкиот начин на пренос. Hyperloop има потенцијал да создаде начин на пренос кој би се движел со брзина од дури 1.220 километри на час – побрзо од денешните цивилни авиони! Тоа значи дека патувањето од Камчатка до Москва ќе земе само неколку часови, нешто што е незамисливо без МИГ-31.

Како што ќе рече големиот Артур Кларк: „Секоја доволно напредна технологија е нераспознатлива од магија“. Изгледа дека 2018 ќе биде годината кога магијата на Елон Маск ќе се оствари во живо.

Извор: RT, IFLScience

Претходна статијаКреативни Start Up компании од IT сферата отвараат нови можности за младите
Следна статијаAudi ќе лансира електричен SUV концепт, конкурент на Tesla