screen-shot-2016-09-20-at-9-50-04-am-copy

Додека корисниците чекаат патент од Apple кој ќе овозможи полнење на новиот iPhone 7 и слушање музика во исто време, производителот патентираше хартиена торба. Зошто хартиена торба? Како зошто – во што би ви го ставиле пакувањето од новиот Apple производ ако не во нивна торба?

„Иновативната“ торба на Apple има поголем процент на еколошки, рециклирани материјали што ја прави бесконечно подобра од онаа на конкуренцијата која произведува нерециклирани торби од сулфатна хартија. Импресивно, нема што. Само што Apple веројатно не знае дека корисниците веќе купуваат производи во целосно рециклирани торби…

screen-shot-2016-09-20-at-9-52-13-am-copy

Во стил на Apple, во патентот тие нагласуваат дека нивната торба е прилично цврста и покрај тоа што е изработена од рециклирани материјали, благодарение на дополнителните зајакнувања во неа. Ќе беше добро да вградеа зајакнувања и во iPhone 6, кој беше непопуларен по тоа што лесно се виткаше дури и со помала сила…

Шала на страна, оваа торба, поточно ќеса, Apple сигурно нема да почне да ја произведува, но може да очекуваме во неа да ги даваат производите кога ќе ги купите во еден од нивните салони. Идејата зад патентирањето е останатите продавници (производители) да не ја копираат нивната торба, бидејќи, нели, секој сака да го копира Apple.

screen-shot-2016-09-20-at-10-02-23-am-copy

Како и да е, ќе беше добро да видиме некој интересен патент од Apple, нешто како телефон со “Edge” дисплеј или пак таблет кој може да се свитка? Да, на Apple последниве неколку години му треба многу повеќе од една хартиена торба за да ја задоволи нашата имагинација.

screen-shot-2016-09-20-at-10-00-57-am-copy

Извор: Gizmodo, PC World, Daily Dot

Претходна статијаКритична маса #53: Со политики свесни, коловози стесни. Смири возачи бесни, пешаци и точаци смести
Следна статијаSamsung Galaxy S8 ќе има 4K дисплеј, супер моќна графика и камера со 30 мегапиксели?