amd-radeon-2-930x547

Сите графички картички произведени досега, имаа вградена рам меморија која се користи за графичката да може да има брз пристап до информациите. Сепак, за многу професионални апликации рам меморијата едноставно не е доволно голема и графичката често треба да „посегне“ по помош од дискот, па затоа во новата Radeon Pro SSD графичка, AMD вгради SSD диск со големина од 1 TB во посебен M.2 слот.

SSD дисковите секако не можат да ги постигнат брзините на рам меморијата, но кај професионалните апликации тоа и не е толку важно – многу е поважно сите информации да бидат брзо достапни на графичкиот чип, за да нема забавување во работата. Според тоа, оваа графичка ќе се користи исклучиво во професионални и научни цели, како на пример креирање на VR и 8K видеа, 3D визуелизација, компјутерско инженерство итн.

За моќта на графичката доволно говори тоа што таа може без проблем да рендерира 8K видео при 30 слики во секунда, а AMD вели дека без поголеми проблеми може да рендерира и вакво видео при 90 слики во секунда. Импресивно во најмала рака.

Сепак, ова не значи дека оваа графичка ќе биде добра за најновите игри, бидејќи гејмингот не бара голема количина на меморија, туку најбрз можен чип и меморија. Во превод, GTX 1080 многу подобро ќе ја заврши работата, а дури и евтината RX 480 на AMD.

Цената на “Developer Kit” Radeon Pro SSG графичката картичка е 10.000 долари, што е уште едно ограничување за приватниот корисник, но веројатно и за многу помали компании кои работат со рендерирање. Затоа, AMD претстави и три професионални графички картички специјализирани за креирање на VR видео – Pro WX 4100, 5100 и 7100, кои имаат цена под 1.000 долари и кои ја заменуваат FirePro линијата.

Извор: Venture Beat, The Verge, AnandTech

Претходна статијаСончево напојуваниот авион Solar Impulse 2 успешно го заврши патот околу светот
Следна статијаBlackberry го претстави „најбезбедниот“ Android телефон во светот