blackberry-neon-1

Новиот Android паметен телефон на Blackberry нема хардверска тастатура, што може да биде голем минус за досегашните љубители на брендот, но затоа има еден адут со кој порано можеа да се пофалат само уредите со Blackberry OS – исклучително висока безбедност и заштита на корисникот од напади.

DTEK50 е вториот Android телефон на канадскиот производител, кој барем по спецификациите ќе се натпреварува во средната класа. Сепак, главна одлика на телефонот е заштитата на корисникот – Blackberry ветува дека „закрпи“ за Android Marshmallow оперативниот систем ќе има исклучително брзо по наоѓањето на проблемот и веројатно ќе пристигне и брза надградба на Android Nougat. Да потсетиме, Android се соочува со големи проблеми со безбедноста и телефоните кои не се надградени на понови верзии често се мета на лесни напади на хакерите.

blackberry-neo-3

Интересно, хардверската база на телефонот е всушност Alcatel Idol 4 – дизајнот е целосно ист, само материјалот во задниот дел со карактеристичната пластика со текстура потсетува на Blackberry. Во внатрешноста е вграден Snapdragon 617 процесор и 3 GB рам, батеријата има капацитет од 2.610 mAh, камерите имаат 13, односно 8 мегапиксели, додека дисплејот има големина од 5,2 инчи и Full HD резолуција.

Цената на DTEK50 е прилично висока за тоа што го нуди – 300 долари за отклучен телефон со перформанси кои Кинезите ги продаваат за пола цена. Сепак, тоа е веројатно промашување на поентата на самиот уред – DTEK50 е наменет за оние кои навистина се загрижени за безбедноста, но и целосната стабилност на својот уред. Додека кинеските телефони веројатно никогаш нема да добијат надградба на нов софтвер, Blackberry има историја на исклучително квалитетна и навремена грижа за корисниците, а во поглед на закрпи и надградби на оперативниот систем.

blackberry-neon-2 copy

Извор: TechnoBuffalo, The Verge, Blackberry

Претходна статијаAMD претстави професионална Radeon Pro SSG графичка со вграден SSD диск од 1 TB
Следна статијаНова технологија ќе овозможи гледање 3D филмови во кино без очила