Apple објави дека функцијата за приватност на корисниците, која ја најави минатата година со iOS 14 и ја одложи за оваа година, наскоро ќе биде пуштена, најверојатно со наредната надградба на iOS 14.

Главен критичар на оваа нова функција, наречена ATT – App Tracking Transparency, беше и уште е Facebook. Ова е очекувано со оглед на фактот дека Facebook зависи од следењето на активностите на корисниците со цел да огласувачите преку оваа мрежа можат да ги пуштаат своите реклами на точно одредена публика.

Би се очекувало дека и Google ќе ја критикуваат новата функција, но тие сепак се одлучија за повеќе „мирен“ пристап и најавија дека ќе ги прилагодат своите апликации, а веќе ги спремаат своите партнери и им најавуваат пад на приходите од кампањите на iOS.

Во обид да се намали процентот на корисници кои ќе се одлучат да го блокираат следењето на нивната активност на другите апликации и веб страни, Facebook од денес ќе почне да им прикажува на корисниците на iOS известување.

Ова известување објаснува дека овозможува прикажување на повеќе важни реклами на корисниците, а и дека голем број на компании зависат од овој начин на рекламирање. Корисниците можат да го прифатат или одбијат следењето, кое од Facebook го нарекуваат користење на активноста од апликациите и веб страните.

Дали овој потег ќе придонесе кон намалување на бројот на корисниците кои ќе ја блокираат оваа можност штом биде воведена во iOS 14, ќе видиме за некој месец, а најавите се дека Facebook со оваа промена може да изгуби повеќе милијарди долари во подолг период.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФондот за регионални предизвици поддржува инвестиции во проекти за кооперативна обука
Следна статијаSpaceX ја најави првата мисија во вселената составена од целосно цивилен екипаж
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.