После неколкуте успешни мисии на SpaceX, со кои го врати лансирањето од американска територија, сега оваа позната компанија на Елон Маск најавува дека ќе ја пушти и првата целосно цивилна мисија.

Тоа значи дека за првпат со SpaceX во орбитата на Земјата ќе летаат луѓе кои не се астронаути или било како поврзани со оваа област.

Мисијата е планирана за до крајот на оваа година, а лансирањето ќе се изведе со познатата Falcon 9 ракета која ќе ја носи на себе Crew Dragon капсулата. Интересно е што мисијата може да трае и неколку денови, кружејќи околу Земјата, во малиот простор на капсулата кој во главно е замислен да биде доволно голем за носење на екипаж до друга локација, како на пример Меѓународната Вселенска Станица.

Од четирите места во Crew Dragon, две се веќе одредени и ќе им следуваат на Џаред Ајзакмен, кој ќе биде и главен на мисијата, како и на член од Св. Џуд детската болница за чие собирање на средства и се прави ова лансирање.

Останатите два члена ќе биде случајно избрани од донаторите за болницата, а Џаред се надева дека ќе може да се соберат 200 милиони долари, донирајќи по 10 долари од сите заинтересирани кои сакаат да влезат во можноста за избор да бидат лансирани во орбитата на Земјата.

Учесниците ќе бидат посебно обучени, со оглед дека сепак се работи за сериозна работа. Ќе има одредени услови кога е во прашање спремноста на луѓето, како и лимит на висината и тежината.

Повеќе за мисијата која го носи името Inspiration4, можете да прочитате на официјалното известување за јавноста.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook ќе почне да ги известува корисниците на iOS пред официјалното пуштање на новата функција за приватност од Apple
Следна статијаКомпанија од ИТ сферата е нов спонзор на РК Вардар 1961
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.