Натпреварот помеѓу РК Вардар 1961 со Војводина кој се одигра во четвртокот на 28 јануари ја отвори јубилејната 10та сезона на СЕХА Газпром лигата, а веќе се објавени и датумите за следните натпревари.

Ракометниот шампион на Македонија излезе на терен со нов дрес на кој видливи се имиња на нови спонзори испишани на двете страни од дресот. За прв пат, меѓу компаниите кои се доминантно од банкарскиот сектор гледаме и лого од една компанија од ИТ индустријата. Се работи за компанијата Singular која работи на развој на софтверски решенија за спортско кладење и игри на среќа во дигиталната сфера.

Името на компанијата Singular во последниве неколку години беше споменувано во медиумите за нивниот меѓународен успех и добиени бројни признанија за иновативен софвер и висок комерцијален успех.

РК Вардар е клуб кој со своите спортски остварувања е постојана мотовација не само во спортот туку и надвор од него, вистински пример како преку труд и дисплиниа се стигнува до успехот. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне за понатамошен раст на клубот и нови достигнувања кои се од големо значење за спортот во нашата земја. Како бизнис кој е тесно поврзан со спортските настани, ни претставува големо задовоство да бидеме дел од оваа успешна приказна. Наша цел е паралелно со растот на Singular, да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за спорт во нашата држава. – изјави Дарко Гацов, ко-основач на Singular.

РК Вардар 1961 ја забележа и втората победа од СЕХА лигата против Нексе во понеделникот, а веќе на 04.02.2021 екипата патува во Порто, Португалија каде ќе го одигра натпреварот со истоимената екипата. Следен натпревар во СЕХА лигата е закажан за 27 февруари каде се среќаваат РК Мотор Запорожје – РК Вардар 1961.

РК Вардар е најдоминантен клуб во македонскиот ракомет со пет триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига и и единствен машки клуб во Македонија што два пати ја има освоено ЕХФ лигата на шампионите во период од три години.

Претходна статијаSpaceX ја најави првата мисија во вселената составена од целосно цивилен екипаж
Следна статијаВтор неуспешен обид за слетување по тест летот на Starship од SpaceX