Starship е еден од главните проекти кон кои е насочена познатата SpaceX. Ова вселенско летало, кое е составено од два дела, леталото кое носи товар и луѓе, како и посебно развиена ракета, е замислено да има за крајна цел да ги однесе првите луѓе на Марс.

Во овој период Starship е уште во тест фаза, што значи дека има време додека може да пишуваме за летање кон црвената планета. Тестовите уште не се изведуваат во вселената, односно Starship лета до одредена висина на Земјата, по што се враќа назад.

SpaceX се познати по тоа што слетувањето на своите летала со погон го прават со вертикално слетување, па така и Starship покрај можноста за летање, се тестира и неговата можност да слета вертикално на платформа.

Во текот на вчерашниот ден SpaceX го лансира своето второ тест летало, SN9, после неуспешното слетување на SN8. Поради SN8 SpaceX има и одредени проблеми со FAA кои сепак за новиот тест ја имаат дадено својата дозвола.

Исто како и SN8, SN9 успешно полетува, стига до висина од 10 километри, по што ги гаси своите ракетни мотори и почнува да паѓа назад кон Земјата. Целта е да на одредена висина повторно се вклучат моторите, по што Starship ќе се исправи и ќе почне да забавува се до успешно слетување на платформата наменета за тоа.

Сепак, слетувањето повторно не беше успешно. Како што се гледа од видеото во продолжение, Starship не успева да се намести во потребната позиција, како и да ја намали брзината на паѓање.

Од SpaceX сепак ова го сметаат како успех, а не е ни чудо кога ќе се земе во предвид дека многу работи можат да не поминат како што треба, па ова е само еден дел. Не може целата мисија да се смета како неуспешна само поради тоа.

Инаку, лансирањето SpaceX го направи од својата позиција за тоа во државата Тексас.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаКомпанија од ИТ сферата е нов спонзор на РК Вардар 1961
Следна статијаОбјавен повик на Фондот за регионални предизвици за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука во Западен Балкан 6
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.