Доцна синоќа, поточно на почетокот од денешниот ден во 1:27 часот, NASA и SpaceX го направија своето второ успешно лансирање на астронаути во вселената, поточно во орбитата на Земјата до Меѓународната Вселенска Станица.

За успешното лансирање на Crew-1 летот беа користени две веќе познати летала од SpaceX. Crew Dragon е леталото или поточно капсулата во која се пренесуваат астронаутите, додека Falcon 9 е ракетата која ја носи капсулата до орбитата на Земјата.

Falcon 9 ракетата потоа успешно се има вратено назад на Земјата со слетување на специјално направени дрон бродови. Ова е и една од најголемите предности на ракетата од SpaceX, како и една од работите по кои е позната оваа компанијата, можноста да ракетите се користат повеќе пати, наместо да се остават да изгорат во орбитата по одвојување од капсулата.

Иако ова е втор пат да NASA и SpaceX испратат астронаути во орбитата, ова е сепак првата официјална мисија од NASA која сега редовно ќе ги користи SpaceX за испраќање на своите и астронаутите на партнер агенциите.

Ова е доста важно како за NASA, така и за САД, кои по незгодата на шатлот Columbia, ја откажаа оваа програма и сите летови до оваа година ги правеа преку руската вселенска агенција и нивниот „Сојуз“ шатл.

Покрај тоа што САД повторно од оваа година ги лансира своите мисии од нивна територија, според информациите се прави и заштеда од неколку десетици милиони долари по астронаут од секое лансирање.

SpaceX е првата приватна компанија која испраќа луѓе во вселената, а тоа ќе продолжи да го прави за NASA. За ова по неколку годишно одложување, се направени планови за уште доста нови летови.

SpaceX нема ексклузивен договор за соработка со NASA, туку оваа компанија прва успеа да развие и успешно тестира летало и ракета која ќе може да се користи. Во игра се и Boeing кои кога ќе успеат да го постигнат истото, ќе се користат од страна на NASA за истите намени.

Лансирањето на Crew-1 летот се пренесуваше во живо и можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаSamsung Galaxy паметните телефони и таблети се дел од Android Enterprise Recommended програмата
Следна статијаMozzart започна акција за донација на лаптопи во основни училишта – првите доделени во ООУ Невена Георгиева Дуња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.