NASA

По откажаното лансирање во средата поради лоши временски услови, NASA заедно со SpaceX вчера успешно ја лансираа Falcon 9 ракетата во орбитата на Земјата, носејќи ги двајцата астронаути од NASA во Crew Dragon капсулата.

По вчерашното успешно лансирање и одмор на астронаутите, Crew Dragon капсулата денеска успешно се спои со Меѓународната Вселенска Станица каде астронаутите ќе останат неколку месеци, пред да се вратат назад на Земјата.

Ова лансирање беше од голема важност како за SpaceX, така и за NASA и генерално САД. За SpaceX ова е официјално првото лансирање на ракета и капсула со луѓе во неа, по подолг период на успешни лансирање на товар за МВС.

По несреќата на шатлот Колумбија во 2011, NASA ја откажа оваа програма и остана без летало кое може да носи астронаути во вселената. Од таа година САД како земја своите астронаути ги испраќа на МВС преку Сојуз ракетите од Русија, а покрај големите трошоци, ова претставува и неуспех за САД како земја која е една од главните кога се работи за вселенските летови.

Со ова лансирање, САД повторно успешно лансира луѓе во вселената, а затоа NASA ја започна програмата во која беа ангажирани SpaceX и Boeing, но SpaceX први успеаја да стигнат до делот кога официјален лет е возможен.

Ова значи и дека SpaceX е првата приватна компанија која има испратено луѓе во вселената, што е исто така голем успех за оваа позната компанија на Елон Маск.

Falcon 9 ракетата која се користеше за носење на капсулата во орбитата е исто така позната и револуционерна, поради тоа што истата наместо да изгори во атмосферата, самата слетува назад на Земјата и повторно може да се користи.

Исто така, Crew Dragon капсулата целосно автоматизирано се поврзува со МВС, а астронаутите како тест ги имаат пробано командите кои се поставени на екранот на допир, по што во последните моменти контролата се враќа назад на капсулата.

По овој успех, тоа што останува е успешното враќање на астронаутите со капсулата назад на Земјата, а тоа се планира за наредните 6 до 16 недели.

Во продолжение можете да погледнете анимација од SpaceX од тоа како изгледа мисијата на Falcon 9 со Crew Dragon капсулата.

Претходна статијаМарк Закерберг не се сложува со одлуката на Twitter да ги означи објавите на Доналд Трамп
Следна статијаНовиот HUAWEI Y5p доаѓа со FullView дисплеј и дизајн во бои
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.