Shutterstock.com

По воведувањето на систем за проверка на информациите преку кој се означуваат објавите на Twitter, а некои дури и се содржат и предупредување пред да може да бидат видени, од компанијата решија овој систем да го применат и на еден од најпознатите „твитерџии“, Доналд Трамп.

Ова секако беше една од главните новости и покрај други случувања, Трамп секако излезе со критика, а потоа донесе и извршна уредба со која сака да им ја намали заштитата на мрежите кои сепак ја „уредуваат“ нивната содржина, од одговорност за објавената содржина од трети лица.

Ова на кратко кажано значи дека ако некоја платформа сепак одредува што е точно, а што не од тоа што се објавува, не може да бидат ослободени од одговорност кога некоја од тие содржини ќе предизвика проблем, а друштвените мрежи се заштитени од ова преку Section 230. Мрежите треба да изберат, според Трамп, дали се платформи кои ќе дозволат секој слободно да се изрази и со тоа мрежите да немаат одговорност, туку тој што објавил или да не дозволуваат се да биде слободно објавено, но да ја изгубат заштитата од одговорност.

По одлуката на Twitter, со став излезе и Марк Закерберг кој смета дека Facebook, но друштвените мрежи генерално, не треба да бидат „арбитри на вистината“, односно да одлучуваат што е точно, а што не од тоа што е објавено на нивните мрежи. Според Закерберг, компаниите, а посебно ваквите платформи, не треба да се доведуваат во ваква позиција.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаДоналд Трамп „возврати“ со извршна одлука на ознаката на две негови објави од страна на Twitter
Следна статијаSpaceX ги испрати првите астронаути во орбитата на Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments