Shutterstock.com

По долго време на „обвинувања“ дека Twitter не ги применува своите правила за лажни вести кога е во прашање претседателот на САД Доналд Трамп, од компанијата за првпат ставија ознака на два „твита“ од Трамп со што тие официјално се означени како неточни.

Ова секако предизвика голема дебата за тоа дали Twitter како платформа која не одговара за тоа што се објавува на неа, има право да одлучува што е точно, а што не кај објавите, посебно кога се работи за јавна личност како претседател на држава.

Трамп на оваа одлука од Twitter, која веќе ја критикуваше, излезе со одговор во форма на извршна одлука. Оваа извршна одлука треба да ја ограничи заштитата која ја имаат друштвените мрежи од одговорност за објавите од трети лица на нивните мрежи.

Се работи за ограничување на дел од закон на федерално ниво, Section 230, кој друштвените мрежи ги става на ниво на телефонските оператори, односно тие како компанија не може да бидат одговорни за објавената содржина на нивните мрежи од трети лица.

Овој закон секако има логика, но се доведува во прашање дали некоја компанија може да биде ослободена од одговорност, а во исто време да одлучува што може, а што не може да биде објавено на нивната мрежа. Што ако одлучат дека нешто кое ќе се покаже како штетно не го тргнат, а нешто друго поради политички причини го тргнат.

Дефинитивно се работи за сложена тема за која има и треба да има дискусија. Главното прашање е дали доколку една мрежа врши филтрирање на содржината која се објавува, може да се повикува на законот кој ги штити од одговорност, ако веќе решиле да во одредени ситуации самите ја земат одговорноста да тргнат или означат некоја содржина.

Дали извршната одлука ќе може да почне да важи не е сигурно, а тоа го истакнува и самиот Трамп кој најавува дека може да има пречки од Конгресот и законодавците.

Претходна статијаФИТР: Отворен јавен повик за компании – носители на брзо економско заздравување
Следна статијаМарк Закерберг не се сложува со одлуката на Twitter да ги означи објавите на Доналд Трамп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.