Shutterstock.com

Apple минатата година најави дека со iOS 14 ќе воведе нов начин на „третирање“ на апликациите кои сакаат да собираат информации од други апликации за маркетинг цели. App Tracking Transparency или ATT е наречена новата политика која наместо лани, беше одложена за оваа година и се очекува дека ќе стане дел од iOS 14 оваа пролет.

ATT во основа ќе ги известува корисниците кога некоја апликација сака да собира информации за нив, додека користат други апликации и веб страни, како и тоа кои се тие информации. Корисниците ќе имаат можност да ја дозволат таа практика или да ја блокираат, а искуството има покажано дека повеќето ќе ја блокираат.

Компаниите кои зависат од реклами се очекува дека ќе имаат пад на приходите, а според некои проценки Facebook ќе има пад од 7% на нивните приходи, што во подолг период ќе значи губење на милијарди.

Ова е и причината зошто Facebook настапи посериозно со критиките за новата промена кај iOS 14, а интересно е што од Google кои исто така зависат од рекламите, избраа посмирен пристап.

Тие најавија дека ќе ги прилагодат нивните апликации на iOS, а исто така ги спремаат своите партнери за промените кои тие нема да може да не ги почувствуваат преку пад на приходите.

Од Google истакнуваат начини на кои компаниите ќе можат да ги мерат своите резултати од рекламните кампањи, но јасно е дека работите нема да функционираат како до сега.

Google објави краток текст во кој овозможува информации и насоки за огласувачите, односно корисниците на нивната мрежа за реклами.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.