Скопје, 01. февруари 2021. годинаКомпанијата Samsung Electronics објави дека најновите модели на Neo QLED и QLED телевизори сега доаѓаат со последните гејминг подобрувања, создадени во комбинација со веќе развиени партнерски решенија. Најновите модели на Neo QLED и QLED телевизори во 2021 година сега исто така ги обезбедуваат и можностите на наградуваните Samsung гејминг монитори за супериорно чувство во текот на играта.

„Корисниците денес бараат исклучителни телевизори за ултимативно искуство со видео игри на компјутерот или гејминг конзолата. Затоа, за нас беше пресудно да ги ажурираме и оптимизираме клучните гејминг опции што веќе беа достапни на нашите наградени телевизори и компјутерски монитори. Овие подобрувања ќе им овозможат на корисниците целосно да се нурнат во светот на видео игрите на нашите Neo QLED и QLED телевизори”, изјави Younghun Choi, извршен потпретседател на одделот за визуелен бизнис, на компанијата Samsung Electronics.

Најновите Samsung модели на телевизори од 2021 година се дизајнирани да ги задоволат сите потреби, дури и најголемите обожаватели на видео игри. На сите корисници на гемијнг конзоли им е потребен екран што максимално ги подобрува перформансите и квалитетот на прикажаната содржина. Samsung QLED серијата на телевизори им овозможува на играчите да го видат скоро секој детал во 4K резолуција со неверојатна јасност и контраст. Со автоматски режим на работа со мала латентност, променливи брзини на освежување на содржината и други опции подготвени за конзолите од новата генерација, Samsung Neo QLED и QLED телевизорите се подготвени за долги часови гејминг и неверојатен приказ на виртуелниот свет.  

Линијата на телевизори за 2021 година вклучува нова интуитивна лента со алатки Game Bar, што е достапен внатре во гејминг режимот на работа за едноставно подесување на резолуцијата, проверка на доцнењето на приказот на содржината, поврзување на безжични слушалки и многу повеќе. Со 4K резолуција, брзината на освежување од 120 Hz и латентност помала од 5,8 ms, Neo QLED и QLED се совршени партнери за гејминг на конзолите.

Покрај тоа, Q90A моделот на телевизор од 50 инчи, како и сите други QLED модели од 55 инчи и повеќе се телевизори кои нудат поддршка за AMD FreeSync™ Premium Pro технологијата, обезбедувајќи им на корисниците поддршка за гејминг на компјутери и HDR конзоли на многу едноставна начин. Оваа технологија овозможува непрекинато играње со најголеми перформанси, каде што неверојатната HDR длабочина на дисплејот и малата латентност ќе овозможат револуционерно визуелно искуство.

Neo QLED и QLED телевизорите носат импресивно ултра-широко искуство на Samsung компјутерските монитори за гејминг. Ова им дава можност на корисниците да играат компјутерски игри со ширина на екранот од 21:9, како и со неверојатна големина од 32:9 на Samsung телевизорите. Моделите Neo QLED и QLED телевизорите од 2021 година, како и моделите Q70A, поддржуваат големина на екранот од 21:9 и 32:9, осигурувајќи дека играчите нема да пропуштат никакви детали додека играат на компјутер.

Најновите Neo QLED и QLED исто така го подобруваат гејминг искуството со остар, јасен и зачудувачки звук. Една од достапните можности е новата Game Object Tracking Sound технологија, каде QLED телевизорите со помош на вештачка интелигенција пренесуваат звук низ просторот во согласност со работата на екранот. 

За повеќе информации за гејминг можностите на Neo QLED и QLED телевизорите посетете ја  https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/gaming/ .

Претходна статијаGoogle ќе ги прилагоди нивните апликации и ги спрема партнерите за новите промени во iOS 14
Следна статијаПрвата надградба на Windows 10 за оваа година може да се очекува во јуни