Apple

Со најавата на iOS 14, како и iPadOS 14, Apple најави дека ќе воведе нова функција поврзана со приватноста на корисниците. Оваа најава предизвика доста негативни реакции од тие кои работат во главно со реклами, а најгласни во критиките беа Facebook кои дури повеќе пати објавија оглас во весници на целата страна.

Промената која Apple ја најавува ќе направи да корисниците имаат увид во кои информации апликациите сакаат да ги следат, односно собираат за нив, а исто така за да можат тоа да го прават, корисниците ќе мора да го дозволат тоа. Тоа значи дека голем број на корисници може да се одлучат да го блокираат барањето од апликациите за собирање на податоци, а најмногу погодени ќе бидат секако бизнисите кои се поврзани со рекламирање.

Од Apple дури имаат направено и кратка презентација поради денот на приватноста на податоците, кој беше во текот на вчерашниот ден, односно 28 јануари. Во оваа презентација тие се обидуваат да прикажат во кои се ситуации, на каков начин и кои податоци се следат од корисниците од трети страни.

Apple

При првото вклучување на апликациите, корисниците ќе добијат посебно известување преку кое ќе бидат информирани апликацијата што ќе собира од нив. Тие ќе можат тоа да го дозволат или одбијат, а истото можат и подоцна да го променат преку Settings. Ова правило ќе важи и за апликациите од Apple.

Треба да биде јасно дека собирањето на информации не се случува само при користењето на одредена апликација, па истото продолжува и при сурфањето и користењето на други апликации.

Оваа новина треба да се очекува првпат да биде воведена во наредната бета верзија од iOS 14, а за сите корисници да биде пуштена некаде до пролет.

Иако доста компании не се сложуваат со оваа одлука, сепак ќе се прилагодат на истата, а ќе биде интересно да се види како ќе реагира Facebook и во кој правец ќе продолжи несогласувањето помеѓу двете компании.

Според одредени страни, Apple не се до толку загрижени за приватноста на своите корисници, а оваа го прават од една страна како маркетинг потег, а од друга страна поради тоа што нивниот бизнис модел на зависи од реклами.

Треба исто така да се истакне дека иако приватноста е до некаде загрозена со собирањето на одредени информации, тоа не значи дека било кое собирање е проблематично и дека целосно треба да биде забрането. Како и секогаш, тешко се наоѓа средината кај работите, па се носат екстремни одлуки кои прават проблеми.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаXiaomi ја претстави Mi Air Charge технологијата која безжично ги полни паметните уреди од поголемо растојание
Следна статијаSignal воведува неколку новини кои ќе го подобрат искуството во делот кој не е поврзан со приватноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.