Project_Spark_BK

Играта Project Spark која ви овозможува креирање на сопствена игра преку достапните додатоци со кои што можете да креирате светови, карактери, стилови на игра и многу повеќе, денеска официјално излезе од бета и е достапна за Xbox One и Windows 8.1.

Возбудливата гејминг платформа Spark на Microsoft овозможува на многу начини да создадете сопствено виртуелно забавно поле, а еден од наједноставните и најбрзи начини е да се впуштите во веќе поставениот едитор на авантури каде што се избира свет, карактери и мисии.

Project_Spark_CM_Sculpt_01

Откако ќе се заврши одредено подглавје секако не завршува играта. Играчот добива нови опции со кои ќе може да продолжи да создава целосна игра. Креираните игри можете да ги споделите со заедницата, односно Project Spark овозможува играње на игрите креирани од другите членови кои што ја користат играта.

2447899-spark

Без разлика дали сакате 2Д платформска игра, Tower Defense, 3Д пукање, се’ е возможно. Принципот на оваа доста интересна игра позајмува децении од гејминг, ги собира во еден куп и ги прави достапни на играчот како виртуелен пластелин да создаде речиси што сака.

Оваа интересна игра овозможува да направите дури и камен да ве следи, ние веќе ја симнуваме и едвај чекаме да направиме свет сличен на Zelda и тоа наш. Што мислите за ваков концепт дали би се впуштиле во ваков свет?

Извор:  WPCentral, Project Spark

Претходна статијаFlexSense, тенко паметно парче пластика што ќе отклучи безброј можности
Следна статијаПронајдена е нова податомска честичка која е сопствена античестичка