futurama_drones

Вест која ќе ги стопли срцата на обожавателите на оваа култна цртана серија – Futurama се враќа!

Се работи за мобилна игра која ќе биде изработена за iOS и која ќе вклучува многу елементи од Futurama универзумот. Насловот кој ќе го носи ќе биде Futurama: Game of Drones.

Производителот е Wooga, германска компанија за игри, а на играта покрај нив ќе работат и Дејв Гросмен (Secret of Monkey Island), Џонатон Маерс (Game of Thrones: Ascent) и еден од писателите на оригиналното шоу, Патрик М. Верон. Засега изгледа дека креативната екипа ќе биде одлична комбинација особено со фактот дека еден од оригиналните автори ќе биде вклучен и во создавањето на играта.

Играта ќе вклучува симулативни активности во врска со доставување на роба со помош на беспилотни летала (дронови), но под тешки услови зошто играчот ќе треба да победи во трговската војна со компанијата MomCo. Играта во главно ќе се базира на концептот на сложувалка и поставување на беспилотните летала на правото место во правото време како би се остварила целта – достава. Во ова играчите ќе имаат допир и со познати делови од Futurama универзумот како и со Planet Express екипата.

Засега нема повеќе информации околу играта, но сигурни сме дека сите фанови на Futurama ќе бидат израдувани поради ваквата вест за нивната омилена цртана серија.

Извор: 9to5Mac, Engadget, PhoneArena

Претходна статијаWestern Digital претстави хард диск со капацитет од 10 TB наполнет со хелиум
Следна статијаГолемиот хадронски судрувач (LHC) се враќа во полн погон