Доколку сте корисник на Twitter преку iOS апликацијата, можно е веќе да ја имате забележано новата промена која ја тестираат од компанијата. Доколку се обидете да направите слика од некоја објава, се појавува посебна информација која ви предложува да ја споделите објавата наместо сликата.

Ова е официјално потврдено од страна на Twitter, како и тоа дека тестот е само на iOS верзијата, но не и на Android или веб верзијата од мрежата.

Целта на оваа новина е јасна. Слики од „твитови“ се нешто што е популарен начин на споделување на тие објави веќе со години. Од компанијата не сакаат веќе да „губат“ потенцијални нови корисници или поголема вклученост на постојните, па доколку успеат да ги мотивираат корисниците да го праќаат целиот „твит“, наместо само слика од него, целта во голем процент може да биде постигната.

Моментално, информацијата која се појавува и ја нуди можноста за споделување, не спречува да се направи сликата.

Инаку, на корисниците им се прикажуваат едно или две копчиња, односно копчето за копирање на линк до „твитот“ го има во две ситуации, додека кај некои корисници се појавува и копче за споделување, по што се отвара класичното мени за споделување.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаSignal тестира Stories во бета верзијата од нивната апликација
Следна статијаRed Bull Campus Clutch е повторно во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.