Фото: Shutterstock.com

Не може да се негира дека Stories функцијата е една од најпопуларните кај друштвените мрежи, а има и зошто е тоа така. Можноста да се објави слика или видео, со додатен текст и ефекти, во посебен дел од апликацијата, објава која има рок на траење од 24 часа, е одличен начин да се покаже нешто интересно.

Signal, иако не е апликација од која баш би се очекувало, почна со тестирање на Stories функцијата во нивната апликација. Тестот е достапен само за корисниците на бета верзијата од апликацијата, односно овие корисници можат да објавуваат и да гледаат „приказни“.

Stories на Signal функционира како што би се очекувало, односно како и на другите мрежи, но со додатокот на од-крај-до-крај шифрирање за подобра заштита на приватноста на корисниците.

Објавените „приказни“ може да ги гледаат сите контакти на корисниците, плус сите корисници со кои имаат започнато разговор, а може да се избере и прикажување на членовите во групите, како и конкретно избрани контакти.

Засега не е познато кога би била пуштена оваа новина кај сите корисници, па како и секогаш, ќе зависи од реакциите на корисниците во бета верзија и целосниот развој на функцијата.

Тоа што е добро кај Signal е што корисниците ќе можат да ги исклучат Stories целосно преку прилагодувањата на апликацијата, па покрај тоа што нема да можат да објавуваат, нема да им бидат прикажувани ни објавите од нивните контакти. Ова значи дека доколку сметате дека вакво нешто е целосно непотребно кај една ваква апликација, нема да мора да ја користите, ниту гледате.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаEA ја пушти својата нова и подобрена апликација за PC која ја заменува сегашната Origin
Следна статијаTwitter сака да го прекине трендот на испраќање слики од „твитовите“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.