Red Bull Campus Clutch е повторно во игра. Се работи за глобален студентски турнир во играње VALORANT на кој ќе земат учество повеќе од 50.000 студенти од 300 универзитети од 50+ држави. Притоа, истите тие ќе земат учество на повеќе од 400 натпревари низ целиот свет за влез на единственото глобално финале во VALORANT.

Инаку VALORANT или една од најозборуваните, најгледани и најиграни игри во последниве неколку години, е ИГРАТА која се игра на Red Bull Campus Clutch, турнир на кој учествуваат тимови составени од по 5 играчи-студенти.

Натпреварувањето ќе се одржи во следните фази:

Национални квалификации (онлајн) 

Први квалификации – 23 октомври 2022 година и

Втори квалификации – 30 октомври 2022 година 

Повеќе информации за националните квалификации и пријавувањето можете да најдете на https://www.redbull.com/mk-mk/events/red-bull-campus-clutch-macedonia

Национално финале (во живо)

6 ноември 2022 година.

Најдобрите 4 тимови ќе ги измерат силите во живо на необична локација за гејминг – во ноќен клуб. Повеќе информации наскоро.

Глобално финале

Декември 2022 година, Бразил.

Победничкиот тим на национално ниво ќе има шанса да ја претставува Македонија на глобалното финале во Бразил и со тоа да се бори за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот.

Оформи тим и пријави се за гејмерска светска авантура.

Пријавувањето и сите подетални информации можете да ги најдете тука

Претходна статијаTwitter сака да го прекине трендот на испраќање слики од „твитовите“
Следна статијаNASA ја потврди промената во движењето на астероидот Dimorphos во кој намерно го удри своето летало од мисијата DART