1280px-Internet1

HTTP, односно Hyper Text Transfer Protocol, во основа претставува протокол кој што овозможува комуникација на интернет прелистувачите и серверите, поточно симнување на информациите од серверите и нивно прикажување. Последното стандардизирање на протоколот е HTTP 1.1 и е извршено во 1999 година.

HTTP/2 е направен на основа на SPDY протоколот развиен од страна на Google поради потребата за нов протокол кој што ќе овозможува побрза комуникација со серверите, а со тоа и отворање на веб страните на прелистувачите. Овој протокол беше прифатен од повеќето прелистувачи, а истото ќе важи и за новиот HTTP/2. Google и Mozilla веќе ја најавија поддршката за новиот протокол, односно замената на SPDY.

Поради развојот на основа на SPDY, HTTP/2 доаѓа со голем број од функциите на овој протокол, меѓутоа не сите. Користењето на заштитена, односно енкриптирана комуникација беше услов на SPDY, додека во HTTP/2 тоа ќе биде по избор. Сепак, повеќето развивачи на интернет прелистувачите најавуваат дека ќе дозволат користење само на енкриптирана конекција.

Придобивките кои што треба да дојдат со HTTP/2 вклучуваат побрзо отворање на веб страните, подобрени перформанси и можности, нов систем за компресија на заглавјата (headers), како и подобрена сигурност.

Некои од веб страните веќе го користат SPDY протоколот, па можеби за нив нема да се забележи голема промена. Меѓутоа SPDY протоколот не е масовно користен, па во наредните години може да се очекуваат придобивките од HTTP/2 за корисниците.

Извор: Ars Technica, The Verge, ZDNet

Претходна статијаНовите процесори од Snapdragon 600 и 400 серијата, донесуваат високи перформанси во средната класа
Следна статијаЅвезда Црвено џуџе поминала низ сончевиот систем пред 70 илјади години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.