google_drive

Можеби за некои корисници, зависно од каква работа вршат, Google Drive не е нешто што може да ги замени десктоп програмите како Microsoft Office или LibreOffice. Меѓутоа, од друга страна Google активно работи на подобрување на оваа онлајн апликација, а бројот на корисници не е воопшто мал и тој цело време се зголемува.

Оваа недела Google Drive доби неколку нови можности на своите верзии за веб, како и на Android и iOS. Првата работа вклучува поддршка за работа со ODF форматот на фајлови кој што се користи од апликациите како LibreOffice на пример. ODF, односно open document format вклучува три формати кои што ќе бидат поддржани во Drive, односно odt, ods, odp. Овие фајлови се однесуваат соодветно на документи, табели и презентации.

Корисниците кои што го користат Gmail за испраќање на документи, од сега ќе можат да испраќаат фајлови од Drive како прикачени фајлови, односно attachments. До сега беше можно да се испрати фајл од Drive преку Gmail, меѓутоа истото беше можно само како линк до фајлот, а не самиот фајл.

Оваа можност се разбира е достапна за фајловите кои што користат некој од форматите кои што не се од Drive, поради фактот што тие можат да се отворат само онлајн преку апликацијата. Затоа, другите фајлови кои што можат да бидат отворени и на други места, сега може директно да се испраќаат, па корисникот не мора да користи или да се најави со Google сметка за да може да ги симне и користи.

Исто така, неколку новини има и за Google Drive апликацијата за Android и iOS. На Android, Drive добива интеграција со Google Now, што значи дека корисниците ќе може да пребаруваат фајлови и гласовно без потреба од прво отворање на Drive апликацијата.

На iOS корисниците добиваат можност да споделуваат фајлови од било која апликација директно во Drive. Ова е можно само за корисниците на iOS 8, поради тоа што само оваа верзија на оперативниот систем овозможува вакво споделување на работи помеѓу апликациите.

Извор: ZDNet, PCWorld

Претходна статијаLenovo VIBE X2 – Одличен телефон од средната класа
Следна статијаSony најави уред кој што ги претвора очилата во паметни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.