lenovo-smartphone-vibe-x2-gold-front-back-5

Кинеските производители на мобилни телефони се почесто ги гледаме како на пазарот претставуваат одлични уреди, а цената сепак не се движи некаде во границите над 35.000 денари. Lenovo е веќе познат бренд кој што корисниците добро го познаваат, меѓутоа прашање е колку од нив, а посебно во нашата земја, имале шанса да користат некој од нивните телефони.

Vibe X2 од оваа компанија е мобилен телефон кој што беше преставен во Септември оваа година, по што стана достапен еден месец покасно. Достапен е за корисниците во нашата земја на повеќе продажни места, а се продава по цена од 25.990 денари.

Уредот доаѓа со прилично уникатен дизајн, кој што е направен да изгледа како повеќе слоеви наместени еден врз друг. Секој слој е направен во различна боја која што завршува со црна боја на екранот. Корисниците може да изберат од неколку главни бои меѓу кои златна и бела.

lenovo-smartphone-vibe-x2-family-colors-1

Она што веднаш се забележува кога првпат го користите овој телефон е колку е тој лесен. На тоа се додава и малата дебелина, карактеристики кои што го прават Vibe X2 навистина едноставен и удобен за користење без разлика дали со една или двете раце.

Карактеристиките го ставаат некаде во средната или во средно високата класа, а истото може да се види и од неговата цена. При користењето се забележуваат одличните перформанси кои што се карактеризираат со навистина течна работа како на корисничкиот интерфејс, така и на работата и отворањето на апликациите.

Како и уште еден кинески производител за кој што често можевте да прочитате на Смартпортал, така и Lenovo користи променета верзија од Android оперативниот систем која што сите инсталирани апликации ги поставува на home екраните. Ова е нешто што е карактеристично за Apple, односно нивниот iOS оперативен систем, кој што кинеските производители често го користат како инспирација.

Корисничкиот интерфејс кој што го развива Lenovo е интересно направен во минималистички стил. Работата со него е едноставна и не додава премногу од основното Android искуство, што според мене е добра работа. Вклучува посебно направени апликации за безбедност, споделување на фајлови и слично.

Она што се истакнува кај корисничкиот интерфејс е можноста за промена на теми, кои што ја менуваат позадината, боите и иконите. Сето ова може и посебно да се менува, но сепак изборот од готови теми ја олеснува работата.

Што се однесува до карактеристиките, Lenovo Vibe X2 доаѓа со следните:

Димензии и тежина140.2 x 68.6 x 7.3 mm
120 грама
Екран5 инчен IPS LCD екран
1920 x 1080 пиксели
441 ppi
ПроцесорMediatTek MT6595m True8Core
Quad-core 2.0 GHz Cortex-A17 & quad-core 1.7 GHz Cortex-A7
PowerVR G600 GPU
Меморија2GB RAM
32GB внатрешна меморија
Оперативен системAndroid 4.4
Камера 13 MP задна камера
5 MP предна камера
Батерија2.300 mAh
Претходна статијаDARPA создаде самонаведувачки куршум од калибар 12,7 мм
Следна статијаGoogle Drive со поддршка за ODF фајлови, прикачување на фајлови во Gmail и повеќе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.