facebook-video

Уште една голема компанија се одлучи да престане да ја користи старата Flash технологија и истата да ја замени со HTML5. Facebook од оваа недела ќе почне стандардно да ја користи HTML5 технологијата за прикажување на својата видео содржина.

Оваа технологија не се воведува за првпат на социјалната мрежа. Истата беше пуштена веќе одреден период за корисниците со понов хардвер и софтвер, а од оваа недела истото ќе биде случајот за сите корисници.

HTML5 плеерот ќе се користи за сите видеа на Facebook, односно тие на листата со новости, на фан страните, како и вградените (embedded) на други страни.

Причината поради која што Flash се поретко се користи е позната. Се работи за веќе стара технологија која што има голем број на багови, лошо влијание на перформансите на уредот, како и голем број на безбедносни пропусти кои што многу често излегуваат на површина.

HTML5 од друга страна е ново развиен стандард кој што дојде до фазата каде што може да се користи како целосна замена за Flash, ако не друго, барем кога се работи за видео содржината.

Овој стандард троши помалку ресурси, може да се користи од повеќето веб прелистувачи, а и е многу побезбеден, односно ќе покаже и времето.

Од Facebook истакнуваат дека видеата прикажани преку HTML5 плеерот се вклучуваат побрзо, се постабилни, корисниците пријавуваат помал број на багови, а тоа резултира со подобро корисничко искуство и нивно почесто гледање, лајкување и споделување.

Промената се однесува само за видео содржината, односно игрите на Facebook ќе продолжат да работат на Flash, а од компанијата истакнуваат дека ќе работат со Adobe за да се осигураат дека платформата ќе остане безбедна за користење.

Извор: TNW, Ubergizmo, Facebook

Претходна статијаYu Yutopia – Моќни перформанси, достапна цена и Cyanogen OS
Следна статијаГХС можеби откри нова, потешка честичка од Хигсовиот бозон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.