1

Големиот хадронски судрувач (ГХС) работи неуморно за целите на физиката и општо научното знаење кое го имаме. Веќе пишувавме за паузата во работата од 2013 до 2015 година при која се правеа надградби за ГХС да може да се врати во работа со уште поголеми енергетски нивоа. Исто така пишувавме за откривањето на нова честичка наречена пентакварк при ГХС.

Овојпат имаме одредени наговестувања дека можеби сме на пат да откриеме уште една нова честичка која е потешка од Хигсовиот бозон. По секој експеримент на судирање протони, модулите CMS и ATLAS имаат работа да ги откријат резултантните зрачења и да ги избројат. Ако нема статистичко отстапување од стандардното очекувано за одредено енергетско ниво, тогаш се` е „под контрола“ – нема ништо ново или интересно.

Меѓутоа, во овој случај собраните податоци покажуваат токму такво отстапување во рангот на 750 гигаелектронволти (ГеВ), при што сензорите откриле неочекуван вишок на парови протони. Бројот на вишок парови е мал – околу 40 (ATLAS) и 10 (CMS). Со ова маргината за грешка влегува во стандардно статистичко отстапување од 2-сигма и 3-сигма т.е. 98,9% и 99,99%, што сепак не е доволно за официјално да се прогласи нова честичка, за што е потребна маргина на грешка во рангот на 5-сигма или 99,9999%.

Потврдата или побивањето на нова честичка на ова енергетско ниво со 5-сигма ќе биде целта и мисијата на ГХС за 2016 година.

Извор: IFLScience, Nature

Претходна статијаFacebook видеата ќе бидат прикажувани во HTML5
Следна статијаNASA и SONY работат на виртуелен систем за управување на роботи во вселената