Во текот на вчерашниот ден Facebook го имаше досега можеби најголемиот прекин на достапноста на сервисот досега. Покрај Facebook, очекувано дел од прекинот беа и Instagram и WhatsApp, два сервиси кои се во сопственост на компанијата.

Иако главните прекини беа кај Facebook, можеше да се забележат проблеми и кај сервисите од Google, како и од Twitter.

Од Facebook го објаснија прекинот и истакнаа дека бил предизвикан поради промена на конфигурација на заднинските рутери преку кои се координира сообраќајот помеѓу дата центрите од компанијата. Ова има предизвикано да алатките кои се користат не можат да бидат искористени за да брзо се открие и реши проблемот, па поради тоа прекинот траеше толку долго.

Се проценува дека од компанијата имаат изгубено околу 6 милијарди долари во приходи поради прекинот.

„Нашите инженерски тимови открија дека конфигурациски промени на заднинските рутери кои го координираат мрежниот сообраќај помеѓу нашите дата центри има предизвикано проблеми кои ја имаат прекинато оваа комуникација. Прекинот на мрежниот сообраќај имаше каскаден ефект на начинот на кој нашите дата центри комуницираат, доведувајќи ги нашите сервиси до застој.“ – истакнуваат од Facebook.

Од компанијата истакнуваат дека немаат откриено докази дека за време на прекинот се загрозени податоците на корисниците.

Сепак, според неофицијални информации, токму ова се има случено. Според информациите, биле загрозени податоците за 1 милијарда од корисниците на мрежата, а домејнот на Facebook бил пуштен на продажба кратко време.

Од компанијата сигурни сме дека ова ќе го негираат, но останува во периодот што следи да видиме какви дополнителни информации ќе излезат.

ИЗВОРNewsweek
Претходна статијаА1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа
Следна статијаASKfm воведува премиум приватни еден на еден разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.