ebola-com-ss

Минатата недела можевме да прочитаме дека домејнот ebola.com е во сопственост на бизнисменот Jon Schultz, односно неговата компанија Blue String Ventures. Компанијата не работи во областа на медицината или фармацијата, па купувањето на домејнот е направено чисто од бизнис причини, односно поради потенцијалната можност за заработка. Поради фактот што во изминатиот период оваа болест стана главна вест во светот, од компанијата најавија дека го продаваат домејнот за најмалку 150.000 долари на сите заинтересирани купувачи.

Инаку, домејнот ebola.com John Shultz го има купено во 2008 година за 13.500 долари. Во сопственост на неговата компанија се и домејни како BirdFlu.com и H1N1.com, како што знаете исто така познати вируси.

Според информациите од крајот на минатата недела, John Shultz успеал да го продаде домејнот ebola.com на руската компанија Weed Growth Fund. Оваа компанија има платено 50.000 долари во готово и 146.000 долари во 19.192 акции од компанијата Cannabis Sativa.

Она што е интересно во овој случај и што изненадува одредени луѓе е типот на компаниите кои што стојат зад ова купување. Очекувањата биле дека за домејнот ќе бидат заинтересирани фармацевтски компании, а не компании кои што работат со марихуана. Сепак објаснувањето до некаде е дека еден од сопствениците верува дека еболата може да се лечи со помош на марихуаната, што до некаде го објаснува интересот за овој домејн.

Моментално нема најави што новите сопственици планираат да прават со домејнот, односно каква страна би објавиле. Сега за сега останува досегашната страна на која што има линкови поврзани со ебола вирусот.

Извор: The Verge, Time, DomainInvestigating

Претходна статијаНаправена е мала 3Д слика од Универзумот од пред 10,8 милијарди години
Следна статијаНов начин на автоматизирано пренесување предмети со помош на статичкиот електрицитет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.