Screenshot 2014-10-27 17.44.53

Во роботската индустрија најчесто подигнувањето и преместувањето на предмети се извршува со чисто механичка работа или со создавање на вакуум со помош на кој се држат предметите „залепени“ за роботската рака. Но една нова компанија се обидува да развие нов начин на преместување и држење на предмети и тоа со помош на статичниот електрицитет.

Да, добро прочитавте – статичен електрицитет. Оној кој се појавува кога ќе протриете балон од вашата коса, па ќе го закачите на ѕидот или кога ве пецка искра кога ќе се допрете до метален предмет. Компанијата Grabit започна со развивање на „екстремитети“ кои ги задржуваат предметите со помош на електростатичен електрицитет. Но, за разлика од вашата коса, тие го создаваат со електрично поле кое доаѓа од некој извор на енергија и кое повремено се менува за да не се постигне презаситување на одредено место и паѓање на силината на привлекувањето. Уште една поволност која постои во нивниот концепт е тоа што овие „екстремитети“ се флексибилни и се виткаат околу предметите, што им овозможува да остварат многу добар фат и максимална искористеност на електричното поле.

Роботите кои би го употребиле овој начин на фаќање и пренесување на предметите би го извршувале тоа поефикасно во однос на стандардните начини на роботско фаќање со вшмукување. Практично, со ваквиот начин би можело да се пренесуваат цела плејада на мали и средно-големи предмети како играчки, кеси, плочки со микрочипови, канцелариски материјали, сончеви ќелии, лекови и секакви други производи кои се произведуваат на производна лента.

Во продолжение можете да го погледнете рекламното видео за оваа технологија

Извор: MIT Technology Review, Engadget

Претходна статијаДомејнот Ebola.com продаден за 200.000 долари
Следна статијаИнтервју: Нино Карас, еден од основачите на CodeWell