Фото: Shutterstock.com

Информациите изминатите недела дена одат во правец на тоа дека Apple планираат да користат „четботови“ од компаниите кои веќе ги имаат развиено, а вештачката интелигенција која тие ја развиваат ќе ја користат за други функции кои функционираат од самиот уред.

Од Apple наводно се во преговори со Google за користење на нивниот Gemini, но преговори можно е да се одржуваат и со OpenAI за ChatGPT и уште неколку слични конкуренти.

Што точно се случува ќе дознаеме во јуни кога се одржува WWDC конференцијата на која се презентираат наредните верзии од оперативните системи, покрај другото. За iOS 18 се најавува дека ќе биде најголемата надградба досега, а во голем дел тоа ќе се должи на додавањето на доста нови функции кои функционираат со генеративна вештачка интелигенција.

Во Кина очекувано се најавува дека Apple би договориле партнерство со некоја од кинеските компании кои работат со вештачка интелигенција, па неофицијално таа компанија е Baidu.

„Четботот“ од оваа компанија е наречен Ernie – Enhanced Representation through Knowledge Integration. Ernie функционира како и сите други вакви „четботови“, па нема потреба од посебно објаснување.

Не верувам дека Apple ќе потврди било што официјално пред WWDC 2024, па остануваат уште неколку месеци додека дефинитивно видиме што планираат од компанијата за оваа година.

Марк Гурман објаснува зошто Apple се одлучуваат на договарање партнерства, наместо развој на „четбот“ во неговиот најнов неделен билтен.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаРСБСП со апел до возачите за одговорно и совесно паркирање
Следна статијаSpotify ја проширува својата содржина со видео курсеви
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.